Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 121.525 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Polish-Lithuanian Commonwealth 1635.png

Полско-литванската Државна Заедница претставувала федерација меѓу кралството Полска и Големото Кнежевството Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа. Полско-литванската Државна Заедница се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена религиозна толеранција, којашто сепак, со тек на време се менувала.

Унијата имала некои специфични карактеристики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се карактеризирал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата, уставната монархија и федерацијата. Двете земји, кои ја сочинувале унијата биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнерво унијата.

По неколку декади на моќ, за време на златниот век на унијата, државата се соочила со период на политичко, воено и економско опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од 18. век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил воведен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Tibetan, Central Tibet, Tsang (Ngor Monastery), Sakya order - Four Mandalas of the Vajravali Series - Google Art Project.jpg
Четири мандали од циклусот Ваџравали (1429–56). Манастир Нгор, Тибет.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Две молњи над Боденското Езеро, Германија
На денешен ден…

Денес е 20 декември 2021 г.

Настани:

1582  По неколку други европски земји, и во Франција е воведен грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9 декември како 20 декември.
1830  Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава.
1994  Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1902  Француските научници Марија и Пјер Кири лабораториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабораториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.

Родени:

1699  Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец.
1902  Васил Иљоски — македонски писател.
1909  Андон Дуков — македонски партизан во НОБ и сликар.
1908  Петар Шапкарев — бугарски економист.
1915  Илија Џувалековски — македонски глумец.
1917  Дејвид Бом — американски физичар.
1923  Ацо Шопов — македонски писател и академик.
1925  Властимир Николовски — македонски композитор.
1928  Сервет Салиу — македонски политичар.
1956  Дамир Десница — хрватски и југословенски фудбалер.
1957  Ана Виси — грчка и кипарска пејачка.
1957  Били Брег — англиски рок-музичар.
1957  Мајк Ват — американски рок-музичар.
1969  Абдилаќим Адеми — македонски политичар.
1979  Мајкл Роџерс — австралиски велосипедист.
1980  Ешли Кол — англиски фудбалер.
1980  Мартин Демикелис — аргентински фудбалер.
1980  Михаел Албасини — швајцарски велосипедист.
1991  Жоржињо — бразилско-италијански фудбалер.
1995  Умут Мераш — турски фудбалер.
1998  Килијан Мбапе — француски фудбалер.

Починале:

217  Зефиринримски папа.
1355  Стефан Душан — српски цар.
1937  Ерих Лудендорфофицер во германската армија.
1982  Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист.
1996  Карл Сејган — американски астроном.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич