Портал:Јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
уреди  

Ј А З И Ц И

mini
Како и со секој комплексен концепт што се засновува на консензус, јазикот е поим тежок за дефиниција. Тој се состои од репрезентации и некој вид на граматика. Многу јазици користат гестови, звуци, слики, или зборови, и групи на симболи, со цел за комуницирање на концепти, идеи, значења, и мисли, иако проблемот на лигвистичката неодреденост често се јавува кога се прави обид за разликување меѓу овие аспекти.

Некои сметаат дека нашата реалност е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Алберт Ајнштајн дава пример за џебен часовник што лежи на маса. Ако човек никогаш не видел часовник и нема поим што тој претставува, како може да опише звукот „тик-так“? Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност.

Повеќе...
уреди  

Избран іазик

Flag of Samoa.svg

Самоанскиот јазик (Gagana fa'a Sāmoa) е полинезиски јазик кој е официјален јазик во Самоа и Американска Самоа во Океанија. Тој е прв, мајчин, јазик на најголем број од жителите во двата ентитета или на околу 246,000 жители. Самоанскиот јазик е познат во лингвистиката по фонолошката разлика меѓу формален, неформален говор и церемонијален говор.Самоанскиот јазик е дел од самоанската група на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со останатите полинезиски јазици, со кои споделува големи сличности во поглед на зборовниот фонд.

Јазичарите немаат целосна согласност при класификацијата на јазикот во однос на останатите полинезиски јазици.„Традиционалната класификација“ која се базира на граматиката и зборовниот фонд го сместува самоанскиот со токелајскиот и источнополинезиските јазици, кои ги вклучува рапануи, маорски, тахитски и хавајски јазик. Според оваа анализа, две главни групи на полинезиските јазици се јадрените полинезиски јазици и тонганските јазици. Анализата на Базата на основниот зборовен фонд на австронезиските јазици од 2008 е контрадикторна во тоа што вели дека тонганскиот и самоанскиот сочинуваат подгрупа, но старите подгрупи тонгански и јадрени полинезиски се повторно присутни. Сите полинезиски јазици споделуваат големи сличности, особено во зборовниот фонд. Кај скоро сите јазици самогласките се стабилни, односно се составени од a, e, i, o и u. (Дознајте повеќе...)


уреди  

Іазична тема

Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложен систем. Според општата класификација, македонските глаголи ги имаат следните карактеристии: време, начин, лице, вид, преодност, залог, род и број. Според категоризацијата, македонските глаголи се поделени на три големи подгрупи: а-раздел, е-раздел и и-раздел. Понатака, е-разделот е поделен на а-подгрупа, е-подгрупа и и-подгрупа. Оваа поделба е според последниот глас на глаголот во трето лице сегашно време.

Според формите, глаголите се поделени на:

прости глаголски форми
  • сегашно време
  • минато определено несвршено време
  • минато определено свршено време
  • заповеден начин
  • глаголска л-форма
  • глаголска придавка
  • глаголска именка
  • глаголски прилог

сложени глаголски форми
  • минато неопределено несвршено време
  • минато неопределено свршено време
  • предминато време
  • идно време
  • минато-идно време
  • минато прекажано
  • можен начин
  • има-конструкција
  • сум-конструкција

Дознајте повеќе...


уреди  

Избрана слика

Кечуански јазици.
Географска распространетост на кечуанскиот јазик и неговите дијалекти.


уреди  

Дали сте знаеле...

уреди  

Што можеш да направиш

  • Доколку се одлучите да напишете некоја статија во врска со некој јазик, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Јазик-никулец}} или соодветен на јазикот предлошка за никулец. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа.
  • Придружете се на тимот на вкипедијанци кои уредуваат статии на оваа тема.
  • Ставете инфокутија на својата корисничка страница, со која ќе кажете дека сте дел од проектниот тим.
  • Предложете идеи и нови проекти за развојот на Порталот:Јазици и на ВикиПроектот:Јазици.


уреди  

Статии


Видови јазици


Лингвистика


Писма


уреди  

Категории

уреди  

Предлошки

уреди  

Избрани іазици на Википедиіа

Featured article star.svg Ацтечки јазик (21.1.2013 — 27.1.2013)
Featured article star.svg Арамејски јазик (27.8.2012 — 2.9.2012)
Featured article star.svg Латвиски јазик (22.11.2010 — 28.11.2010)
Featured article star.svg Шкотски јазик ( 22.03.2010 — 28.03.2010)
Featured article star.svg Англиски јазик (11.01.2009 — 18.01.2009)
Featured article star.svg Кинески јазик (3.03.2008 — 9.03.2008)
Featured article star.svg Монголски јазик (21.7.2008 — 27.7.2008)
Featured article star.svg Македонски јазик (22.12.2008 — 28.12.2008)