Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 138.257 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Кир Велики (576 или 590 – 529 п.н.е.) — персиски цар од иранската династија Ахемениди, војсководец, законодавец и основоположник на персиското царство. За време на своето владеење го проширил царството на поголем дел од југозападна и централна Азија, од Египет и Босфор на запад до реката Инд на исток, и го создал првото и најголемо царство на стариот век. Во текот на своето владеење, кое траело три децении, Кир ги освоил некои од најголемите кралства на тоа време, како Лидија, Медија и Вавилон, и водел воени експедиции во Средна Азија, каде ги покорил сите народи. Но тој не отишол во поход против Египет, ниту против европска Грција, како што тоа го направиле неговите следбеници Камбиз II и Дариј I Велики. Според Херодот, Кир загинал во битката против Скитите, во летото 530 или 529 година п.н.е. Него го наследил синот Камбиз II, кој го освоил Египет во текот на своето релативно кратко владеење. Кир бил следбеник на зороастриската религија. Освен силното влијание врз персиската историја, Кир влијаел и врз јудаизмот, човековите права, политиката и воената стратегија и врз вкупната источна и западна цивилизација.

Слично на хероите од другите култури и основоположниците на големите царства, така и за Кир Велики постојат бројни легенди за неговото потекло и семејството. Според Херодот, Кир бил внук на медијскиот крал Астијаг и бил одгледан во скромно овчарско семејство. Според друга легенда, тој потекувал од сиромашно семејство и работел на медијскиот двор. Легендите се сосема противречни на сопствените сведочења на Кир, според кој, тој го наследил престолот на својот татко, дедо и прадедо.

Името Кир е хеленизиран збор од староперсиското име Куруш. Античките историчари Ктезиј и Плутарх наведуваат дека Кир го добил своето име од зборот Курос, што значи „Сонце“ или „Сличен на сонце“, т.е. со персиската именка за сонце – Хор, стои и наставката – ваш, што значи сличност. Модерните историчари, како Карл Хофман и Ридигер Шмит, во Енциклопедија Ираника, сметаат дека името Кир значи „вербален победник“. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Жена како изработува ткаенина „батик“ во селото Вукрисари, Јогјакарта, Индонезија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Полошки носии
Полошки носии
На денешен ден…

Денес е 9 септември 2023 г.

Настани:

1499  Бродот Сан Габриел на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки.
1776  Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1850  Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД.
1924  Се случува масакрот во Ханапепе, Хаваи
1943  Втора светска војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија.
1947  Првиот познат случај на информатичка бубачка: молец се населил во релеј од сметачот на универзитетот Харвард.
1956  Елвис Присли за првпат се појавува на емисијата на Ед Саливан.
1959  Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ламанш.
1969  Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ламанш за време од 13 часа и 20 минути.
1991  Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз.
1994  Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.

Родени:

1585  Арман Жан ди Плеси де Ришелје — француски државник и кардинал.
1737  Лујџи Галванииталијански физичар.
1828  Лав Толстојруски писател.
1887  Алф Ландон — американски политичар.
1890  Курт Левин — германски психолог.
1894  Артур Фред — американски глумец и филмски продуцент.
1900  Џејмс Хилтонанглиски писател.
1907  Благоје Марјановиќ — српски фудбалер.
1908  Чезаре Павезеиталијански писател.
1911  Џон Гортонавстралијански политичар.
1913  Ричард Никсон — претседател на САД.
1925  Клиф Робертсон — американски глумец.
1927  Елвин Џонс — американски џез-музичар.
1932  Силвија Мајлс — американска глумица.
1941  Отис Рединг — американски соул-музичар.
1941  Петер Бонети — англиски фудбалер.
1947  Благоја Чоревски — македонски глумец.
1949  Наде Проева — македонска историчарка.
1952  Дејв Стјуарт — англиски музичар, член на поп-групата „Јуритмикс“ (Eurythmics).
1959  Ерик Сера — француски композитор и музичар.
1960  Хју Грант — англиски глумец.
1963  Роберто Донадони — италијански фудбалер.
1967  Ана Мале — американска порно-ѕвезда.
1968  Џон Драмонд — американски атлетичар.
1972  Горан Вишниќхрватски глумец.
1980  Мишел Вилијамс — американска глумица.
1984  Никола Стојчевски — македонски ракометар.
1985  Лука Модриќ — хрватски фудбалер.
1987  Алекс Сонг — камерунски фудбалер.
1991  Оскар — бразилски фудбалер.
1991  Данило Переира — португалски фудбалер.

Починале:

1087  Вилијам Iкрал на Англија.
1569  Питер Бројгел Постариот — холандски ренесансен сликар .
1891  Џулс Греви — претседател на Франција.
1898  Стефан Маларме — француски поет.
1901  Анри де Тулуза-Лотрек — француски сликар.
1932  Стојан Заимов — бугарски револуционер.
1934  Васил Пасков — македонски револуционер
1942  Кочо Чолаковски — македонски партизан.
1976  Мао Це Тунг — водач на Кина
1978  Џек Варнер — канадски основач на филмско студио
1901  Жак Лакан — француски психоаналитичар и психијатар.
1983  Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер.
1984  Јилмаз Гинејтурски синеаст и писател.
1994  Патрик О’Нил — американски глумец.
2006  Жерард Брах — француски сценарист.
2010  Бент Ларсен — дански шаховски велемајстор.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич