Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 129.093 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Дијалектите на летонскиот јазик.

Латвиски јазикисточнобалтички јазик и официјален јазик во Летонија. Летонскиот јазик го зборуваат околу 1,4 милиони Летонци во Летонија и околу 150.000 Летонци во дијаспората. Овој јазик има голем број говорници на кои летонскиот не им е мајчин јазик, ситуација која не е типична за помалите јазици во светот. Од малцинските заедници во Летонија, кои вкупно бројат околу 924.000 жители, само 30% го зборуваат јазикот. Летонскиот јазик е сроден со литванскиот јазик и се во иста јазична група, но сепак не се меѓусебно разбирливи.

Летонскиот е нефлексивен јазик со неколку аналитички форми, три дијалекти и германско синтаксичко влијание. Јазикот има само два граматички рода. Секоја именка се деклинира во седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив. Официјално писмо на јазикот е летонската азбука, која е заснована на латиницата, со одредени модификации според летонскиот фонетски систем.

Летонскиот јазик е дел од групата на балтички јазици. Според досегашните истражувања, по периодот на праиндоевропскиот јазик, се формирала група на балто-словенски јазици, кои пак се поделиле на две посебни групи во 10 век п.н.е. Како и да е, и покрај постоењето на многу архаични форми во балтичките јазици, денес не е сосема јасно како настанала балтичката група и со кои јазици била првично поврзана. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Amber mountain rock thrush (Monticola sharpei erythronotus) male 2.jpg
Килибарен дрозд (Monticola sharpei erythronotus, мажјак) на Мадагаскар.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Моштенска носија од Бач, Битолско
На денешен ден…

Денес е 26 јуни 2022 г.

Настани:

1541  Во Лима, денес главен град на Перу, е убиен конквистадорот Франциско Пизаро.
1819  Патентиран е велосипедот.
1941  Во околината на Разлог, Никола Парапунов ја формирал првата партизанска чета на територијата на фашистичка Бугарија.
1945  На конференција во Сан Франциско, делегати од 50 земји ја потпишале Повелбата за основање на Обединетите Нации.
1948  Студена војна: Западните сојузници воспоставиле воздушен мост до Западен Берлин, по блокадата на патишатата од страна на СССР.
1948  Вилијам Шокли го патентирал транзисторот.
1959  Отворен е пловниот пат помеѓу реката Сент Лоренс и Големите езера.
1960  Мадагаскар, претходно под управа на Франција, стекнал независност.
1963  Џон Ф. Кенеди го одржал својот најпознат говор - „Ich bin ein Berliner“.
1976  Во Торонто е отворена телевизиската кула ЦН Тауер, во тоа време највисоката градба во светот.
2000  Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното научно откритие - картата на човечките гени.
2015  Врховниот суд на САД ги озаконил истополовите бракови на ниво на цела држава.

Родени:

1730  Шарл Месје — француски астроном, автор на Месјеовиот каталог.
1805  Џузепе Мацини — италијански револуционер и демократ.
1824  Вилијам Томсон Келвин — англиски научник во полето на термодинамиката, електродинамиката, механиката и хидродинамиката.
1841  Паул Валот — германски архитект од хугенотско потекло, најпознат како автор на зградата на Рајхстагот во Берлин.
1856  Макс Штирнергермански филозоф, анархист.
1869  Владимир Ласкаревруски геолог и палеонтолог.
1892  Перл Бакамериканска писателка, добитник на Нобеловата награда.
1898  Вили Месершмитгермански авиоконструктор.
1908  Салвадор Аљендесоцијалистички претседател на Чиле од 1970 до 1973 г.
1916  Златко Прица — хрватски сликар.
1933  Клаудио Абадо — италијански диригент.
1936  Коста Пеев — македонски славист.
1947  Петер Слотердајк — германски филозоф и писател.
1955  Мик Џонс — британски гитарист.
1956  Крис Ајсак — американски поп-пејач.
1968  Паоло Малдини — италијански фудбалер.
1970  Крис О'Донеламерикански глумец.
1976  Ед Јовановски — канадски хокеар од македонско потекло.
1985  Стефан Пулис — француски велосипедист.
1987  Самир Насри — француски фудбалер.
1988  Алексеј Спиридонов — руски одбојкар.
1993  Аријана Гранде — американска пејачка и глумица.

Починале:

363  Јулијан — последниот римски цар со паганска вера.
1541  Франциско Пизарошпански конквистадор.
1810  Жозеф Мишел Монголфјефранцуски изумител.
1836  Клод Жозеф Руж де Лилфранцуски офицер, автор на „Марселезата“.
1882  Ернест Теодор Хофман — германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
1905  Јанко Веселиновиќ — српски писател.
1956  Клифорд Браун — американски џез-музичар.
1984  Мишел Фуко — француски филозоф на постструктурализмот и постмодернизмот.
1994  А. ден Долард — холандски писател на македонска тематика.
2005  Љутви Сејфула — македонски глумец.
2021  Џони Солингер — американски рок-пејач.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич