Во полициска акција запленети криптовалути со вредност 3,6 милијарди долари

во Криптовалути

Федералното истражно биро уапси двајца сопружници под обвинение дека се обиделе да „исперат“ криптовалути во вредност од 5,2 милијарди долари. Во акцијата се запленети над 3,6 милијарди долари, или околу 94000 биткоини. Ова е досега највисока сума која ја запленило Министерството за правда на САД. (Цената на биткоин расте последниве денови, па се забележуваат различни бројки)

Претприемачот Илја Личтенстајн и неговата сопруга Хедер Морган се обвинети за перење пари. Брачната двојка се обидела да испере 119 754 биткоини кои во 2016 биле украдени од Bitfinex.

„Криптовалутите не се безбедно прибежиште за криминалците. Благодарение на непрекинатата работа на органите за спроведување на законот, одделот уште еднаш покажа дека може, и дека ќе ги следи парите. Без разлика на формата што ја земаат.“, вели заменик-јавниот обвинител Лиза О. Монако.

Полициската акција всушност е и одличен потсетник на скокот кој криптовалутите го направија во последните неколку години. Во времето на кражбата во 2016 година, овие 119 754 биткоини имале вредност од 72 милиони долари. По огромниот раст на криптовалутите вредноста на украдените крипто-валути сега е над 60 пати повисока.

Кражбата на валутите од Bitfinex

Почетоци на Bitnex се во 2011 година како Bitcoinica. Берзата Bitfinex го користи истиот сорс код како основа за својата платформа.

https://www.bitfinex.com/

Оваа берза престана да функционира по помалку од една година, откако најпрво во кражба изгубија 43000 биткоини со вредност од 200000 долари, а по неколку недели беа украдени уште 18000 биткоини со вредност 90000 долари. Криптовалутата која беше украдена беше во сопственост на берзата, а само мал дел е украден од корисниците. Bitcoinica престана да постои, а основачот на берзата беше посочен како еден од осомничените за кражбите. Берзата пропадна, и против неа беше започната граѓанска парница.

За помалку од една година се појави Bifinex, регистрирана на Британски Девствени Острови, под името iFinex. iFinex има две подружници Bitfinex во Хонгконг и BFXNA во САД. Берзата во Хонгконг до кражбата во 2016 година беше најголема според вредноста во долари на криптовалутите кои се менуваа.

На 3 август 2016 од берзата Bitfinex во Хонгконг беа украдени 119 754 биткоини, со вредност од околу 72 милиони долари. Во моментот на кражбата ова беше втора по големина кражба на криптовалути од берза.

Биткоините во оваа кражба беа украдени од новчаниците на клиентите на берзата. Нападот имаше околу 2000 неавторизирани трансакции. Најголем дел од украдените биткоини завршиле на профили на AlphaBay. Властите ја затворија оваа платформа во 2017 година, поради неовластено продавање на наркотици, оружје и фалсификувани документи.

Органите на прогонот успеале да ги следат трансакциите од AlphaBay. Сите трансакции завршиле во еден новчаник, за кој органите за спроведување на законот се сомневаат дека е во сопственост на Илја Личтенстајн.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk