Frontier e нов најмоќен суперкомпјутер, три нови суперкомпјутери помеѓу првите 10

во Свет

За првпат на листата најмоќни суперкомпјутери, оваа година има суперкомпјутер кој на HPL бенчмарк тестот успеа да ја надмине границата од 1 егзафлоп. „Frontier“ од Национална лабораторија Оук Риџ успеа да достигне HPL „оценка“ од 1,102 Exaflop/s (егзафлопи во секунда).

„Frontier“ доаѓа со најновата HPE Cray EX235a архитектура и AMD EPYC 64C 2GHz процесори. Теоретската пресметковна граница на суперкомпјутерот е околу 2 егзафлопи или 2·106  пресметки во секунда. За да ја достигне оваа граница потребни се дополнителни нагодувања. Она што е теоретски можно во моментов е 1,69 егзафлопи.

„Frontier“ е толку моќен што ако се соберат следните 7 суперкомпјутери на листата, нема да бидат помоќни од него. Системот има 8 730 112 јадра и оценка за ефикасност од 52,23 gigaflops/watt. Моќноста на Frontier при максимално оптоварување е 29MW.

Првото место на листата за енергетска ефикасност Green500 го има Frontier – Test & Development System. Ова е еден „rack“ од Frontier идентичен со Frontier системот. Frontier TDS доаѓа со 120 832 јадра и HPL бенчмарк тест од 19.2 PFlop/s. Иако по моќноста не може да се спореди со Frontier, Frontier TDS има енергетска ефикасност од 62.8 gigaflops/watt. На листата Green500, Frontier е на второто место.

САД и Кина и натаму доминантни

Најинтересен податок од најновата листа на Top500 суперкомпјутери веројатно е присутноста на AMD во првите 10. Frontier доаѓа со 3rd Gen AMD EPYC процесори оптимизирани за HPC и AI. Системот кој е на трето место – LUMI доаѓа со истите AMD 3rd Gen EPYC процесори Суперкомпјутерот Permutter кој се наоѓа ма 7-то место на оваа листа доаѓа со AMD EPYC 7763 процесори, а едно место подолу на 8-то место е Selene со AMD EPYC 7742 процесори.

На листата според локацијата на суперкомпјутерите на прво место е Кина со 173 системи, на второто место се САД со 126. Кина има ист број на суперкомпјутери во Топ500 како и на претходната листа, а САД падна од 150 на 126. Сепак двете држави заедно имаат 299 од 500 суперкомпјутери што е добар показател за супериорноста.

Ethernet се користи на 226 суперкомпјутери, што сепак претставува пад од 240 претходната листа.
Infiniband се користи на 196, но забележа пораст од 16 нови системи.
Ominpad остана на 40 суперкомпјутери.

Fugaku од RIKEN Центарот за компјутерска наука во Кобе, Јапонија, досега беше на првото место. На оваа листа суперкомпјутерот падна на второто место. Оценката според HPL бенчмарк тестот му е 442 PFlop/s. Fugaku има 7 630 848 јадра, и е 3 пати побрз од суперкомпјутерот кој е на третото место.

На трето место на листата Top500 е најмоќниот европски суперкомпјутер. Како и „Frontier“ и LUMI е за првпат на оваа листа. LUMI e лоциран во Кајаани, Финска. Перформансите на LUMI се 151.9 Pflop/s. Суперкомпјутерот е на третото место и на Green500 листата со 51.63 gigaflops/watt.

Претходникот на „Froniter“ во Национална лабораторија Оук Риџ, суперкомпјутерот „Summit“ е на четврто место. На HPL бенчмарк тестот Summit постигна 148,8 Pflops/s. Summit е првиот nVidia – Power9 суперкомпјутер во топ 10. Summit има 4356 нода, секој со 2 Power9 процесори и 6 NVIDIA Tesla V100 графички картички.

Sierra, суперкомпјутерот од Национална лабораторија Лоренс Ливермор ја затвора листата Топ5 суперкомпјутери. Sierra е уште еден nVidia – Power систем. Суперкомпјутерот според HPL тестот е способен за 94,6 Pflop/s. Има 4,320 нода, секоj со 2 Power9 процесори и четири NVIDIA Tesla V100 графички.

На десеттото место на листата е суперкомпјутерот Adastra во Националниот компјутерски центар за високо образование, Монтпелје, Франција. Adastra е трет систем со HPE Cray EX на листата. Со 46,1 Pflop/s, Adastra е вториот најбрз суперкомпјутер во Европа зад LUMI. Ова е трет нов суперкомпјутер во првите 10 на Top500 листата.

Она што може да се забележи на новата листа е изостанувањето на Intel од првите 5 места. AMD се користи во првиот и третиот компјутер, ARM се користи во Fugaku, а POWER и nVIDIA се на четврто и петто место. На листата најмоќни суперкомпјутери системите на AMD EPYC се присутни со 5 во првите 10, и во 94 во првите 500. Системите со EPYC се присутни во голем дел од новите суперкомпјутери. Пред една година, во јуни 2021, само 49 од суперкомпјутери беа AMD EPYC системи. Кога енергетската ефикасност е во прашање AMD EPYC е и посупериорен. На Green500, од првите 20 места, 17 се за AMD EPYC системи.

Повеќе информации може да прочитате на Top500.org.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk