Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 126.495 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Дисциплините на македонската граматика.

Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика.

Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Жовна зелена (Picus viridis).jpg
Зелен клукајдрвец (Picus viridis) во Черновци, Украина.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Знамето на Непал
На денешен ден…

Денес е 5 април 2022 г.

Настани:

1942  Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654  Со Вестминстерскиот мир завршила Првата англиско-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море.
1955  Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.
1989  Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992  Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998  Најдолгиот висечки мост на светот, Акаши-Кајкјо во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999  Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.
Родени:
Спенсер Трејси на филм во 1941 г.
Кирсан Иљумжинов во 2010 г.
1472  Бјанка Марија Сфорцасвета римска царица.
1568  Урбан VIIIримски папа.
1588  Томас Хобс — англиски филозоф (п. 1679).
1899  Винсент Фереира Пастиња — мајстор по афро-бразилската боречка вештина капуера.
1900  Спенсер Трејси — американски филмски глумец.
1908  Херберт фон Карајан — австриски диригент (п. 1989).
1908  Бет Дејвис — американска глумица.
1916  Грегори Пек — американски филмски глумец.
1922  Том Фини — англиски фудбалер.
1932  Бора Ќосиќ — српски писател.
1942  Питер Гринавеј — британски режисер.
1944  Еван Паркер — британски џез-музичар.
1947  Благој Истатов — македонски фудбалер.
1947  Ѓурѓица Бједов — хрватска и југословенска пливачка.
1947  Глорија Макапагал-Аројо — претседателка на Филипините.
1950  Мики Манојловиќ — југословенски и српски глумец.
1958  Глигор Бишев — македонски банкар и економист.
1962  Кирсан Иљумжинов — претседател на ФИДЕ и претседател на руската Република Калмикија.
1964  Мариус Лакатуш — романски фудбалер.
1973  Фарел Вилијамс — американски рапер, пејач и музички продуцент.
1980  Мет Бонер — американски кошаркар.
1981  Питер Венинг — холандски велосипедист.
1985  Кристоф Вандевале — белгиски велосипедист.
1994  Матеуш Бјењек — полски одбојкар.
1996  Угурџан Чакир — турски фудбалски голман.
Починале:
Жорж Дантон во 1792 г.
Ален Гинсберг во 1978 г.
1794  Жорж Дантон — француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција.
1900  Жозеф Бертран — француски математичар.
1958  Исидора Секулиќ — српска писателка.
1987  Калипсо Налча — прва жена професионална артистка во Македонија.
1994  Курт Кобејн — американски музичар, член на групата „Нирвана“ .
1997  Ален Гинсберг — американски поет, лауреат на Струшките вечери на поезијата.
2002  Лејн Стејли — американски пејач и текстописец.
2005  Сол Белоу — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1976 година.
2007  Марк Џон — американски рок-гитарист, член на групите „Кис“ (Kiss) и „Вајт тајгер“ (White Tiger).
2008  Чарлтон Хестон — американски глумец.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич