Избрана статија за оваа седмица
|
Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот.
Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика.
Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ... дека знамето на Непал е единственото неправоаголно знаме во светот?
- ... дека во муслиманските верници палеле свеќи во Турбето на Синан Челеби (1493) на охридски Плаошник во знак на почит кон Св. Климент Охридски бидејќи турбето било изградено на местото на неговата стара црква?
- ... дека според едно предание, Чинарот во Охрид е засаден од сесловенскиот просветител Климент Охридски?
- ... дека Бараково е единственото село во Пиринска Македонија вон денешната Благоевградска област?
- ...дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?
- ...дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
- ...дека средновековното име на Дојран е Полин?
- ...дека островите Голем и Мал Диомид во Беринговиот Проток имаат временска разлика од 21 час и се во различен календарски ден, иако се на растојание од само 3,8 км?
- ... дека поскокот е најотровна змија во Македонија и цела Европа?
- ... дека најисточната точка во Европа е ’ртот Флисингски во архипелагот Нова Земја, Русија?
- ...дека молњата при удар достигнува темепратура од 30.000 келвини, петпати поголема од онаа на површината на Сонцето?
- ...дека островот Градиште во Тиквешкото Езеро е прогласен за културно наследство на Македонија поради остатоците од утврдената античка населба Град Тиквеш која се наоѓала на тоа возвишение?
- ...дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
- ...дека Јужен Судан е најмладата држава во светот?
- ...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен вo XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
- ...дека историскиот Насредин Оџа (1208 ― 1285) бил суфија кој живеел во Акшехир, Средна Анадолија?
- ...дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија?
|
На денешен ден…
|
|
|
Други области
|
- Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
|
|
|