Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 126.101 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Дел од платното од Торино со главата на ликот.

Торинско платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа e крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.

Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.

Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептичните луѓе веруваат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.

Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиојаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање произлегле големи реакции за точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради оганот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиојаглеродна материја. (Дознаје повеќе...)


Слика на денот
Mother and baby sperm whale.jpg
Кашалоти (мајка со младо) кај Маврициус.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Турбето на Синан Челеби во Охрид
На денешен ден…

Денес е 25 март 2022 г.

Настани:

1821  Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција.
1860  На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“.
1957  Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија.
1997  Австралискиот сенат го укина законот за евтаназија — единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал.
2000  Основан е Демократскиот сојуз.
2009  Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн.

Родени:

1479  Василиј III Московскикнез на Московското Кнежевство.
1867  Артуро Тосканинииталијански оперски и симфониски диригент.
1873  Нестор Алексиев Мирчевски — последен од големата тајфа македонски резбари.
1881  Бела Барток — унгарски композитор.
1884  Арсениј Јовков — македонски револуционер, сценарист и публицист.
1886  Атинагора Цариградски — цариградски патријарх.
1911  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј — поглавар на Македонската православна црква.
1921  Александра — кралица на Југославија.
1926  Ласло Пап — унгарски боксер.
1928  Џим Ловел — американски астронаут.
1929  Сесил Тејлор — американски џез-музичар.
1930  Цветко Мартиновски — македонски писател и преведувач.
1931  Пол Моушијан — американски џез-музичар.
1942  Арета Френклин — американска пејачка.
1947  Елтон Џон — англиски поп-рок музичар.
1949  Боб Езрин — канадски музички продуцент.
1962  Марша Крос — американска глумица.
1965  Сара Џесика Паркер — американска глумица.
1965  Стефка Костадинова — бугарска атлетичарка.
1976  Владимир Кличко — украински боксер.
1979  Матео Карара — италијански велосипедист.
1986  Кајл Лаури — американски кошаркар.
1988  Мартејн Кејзер — холандски велосипедист.
1991  Вилко Келдерман — холандски велосипедист.
1992  Ерик Ламела — аргентински фудбалер.
2000  Озан Кабак — турски фудбалер.

Починале:

1902  Методија Патче — македонски револуционер.
1903  Геле Трсијански— македонски револуционер.
1918  Клод Дебиси — прочуен француски композитор.
1976  Јозеф Алберс — германско-американски сликар.
1980  Ролан Барт — француски книжевен теоретичар.
1993  Борка Аврамова — македонска вајарка.
2001  Фадил Руфати — поранешен член на ОНА.
2001  Сервет Хајредини — поранешен член на ОНА.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич