Корнилиј Стотникот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Св. свештеномаченик Корнилиј - православен светец.

Житие[уреди | уреди извор]

Корнилиј бил Римјанин и служел како офицер (стотник или центурион) во Палестина. Откако се покрстил, тој ја оставил службата и тргнал по апостолот Петар, кој подоцна го поставил за епископ во градот Скипсеосис. Таму, св. Корнилиј претрпел големи измачувања поради својата вера, но успеал да го урне храмот на Аполон и да го покрсти кнезот на Скипсеосис, Димитриј. Откако бил известен од Бога за денот на својата смрт, св. Корнилиј ги повикал сите христијани, ги посоветувал, се помолил за нив и умрел. Постепено, тој бил заборавен и неговиот гроб останал запуштен. Но, светецот му се појавил на троадскиот епископ Силуан и му заповедал да подигне црква на местото на неговиот гроб. Епископот Силуан го извршил делото со помош на богатиот граѓанин Евгениј.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Верски календар“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 30.