Што се тоа јавни податоци на Facebook?

Нешто што е јавно може да го види секој. Тука се вклучени луѓето што не ти се пријатели, луѓето надвор од Facebook и луѓето кои користат различни медиумски содржини, како испечатени материјали, емитување (пример: телевизија) и други сајтови на интернетот. На пример, ако ги користиш нашите услуги за да овозможиш јавно коментирање во реално време на телевизиска емисија, може да се прикажат на емисијата или на друго место на Facebook.
Кои податоци се јавни?
Податоците што ги споделуваш што се секогаш јавни: Некои од податоците што ни ги даваш кога го пополнуваш твојот профил се јавни, како твојата старост, јазик и земја. Исто така, користиме дел од твојот јавен профил за да ти помогнеме да се поврзеш со пријателите и семејството. Твојот јавен профил го вклучува твоето име, пол, корисничко име и идентификациски број на корисник (број на сметка), профилна слика и насловна фотографија. Податоците се исто така јавни. Некои од работите што ни помагаат да те поврземе се:
  • Твоето име, слика на профилот и насловна фотографија помагаат за луѓето да те препознаат.
  • Полот ни помага да те опишеме (пример: „Додај ја како пријател“).
  • Наведувањето на твоите мрежи (пример: училиште, работно место) овозможува другите да те најдат полесно.
  • Корисничкото име и идентификацискиот број на корисник (пример: твојот број на сметка) се во веб-адресата на твојот профил.
  • Староста ни помага да ти овозможиме содржина соодветна за твојата старосна група.
  • Јазикот и земјата ни овозможуваат да ти понудиме соодветна содржина и доживувања.
Податоците што ги споделуваш јавно: Кога ќе избереш да споделиш нешто Јавно (пример: кога ќе избереш Јавно во избирачот на публика), тогаш тоа се смета за јавен податок. Ако споделиш нешто и не гледаш избирач на публика или друга поставка за приватност, тогаш податокот е исто така јавен. Дознај повеќе за уредување кој може да ги види твоите основни податоци на твојот профил на Facebook и со избирачот на публика да контролираш со кого споделуваш кога објавуваш на Facebook.
Работите што другите луѓе ги споделуваат: Ако другите луѓе споделуваат податоци за тебе дури и ако е нешто што ти го имаш споделено со нив, но не било јавно, тие може да изберат да биде јавно. Исто така, кога коментираш на туѓи јавни објави, тогаш и твојот коментар е јавен.
Објавите на страници на Facebook или јавни групи: Страниците на Facebook и јавните групи се јавни места. Секој што може да ја види страницата или групата ќе може да ја види твојата објава или коментар. Генерално, кога објавуваш или коментираш на страница или во јавна група, приказната може да се објави во „Новости“, како и на други места на или надвор од Facebook.
Запомни ги следниве работи за јавните податоци:
  • Може да се поврзат со тебе, дури и надвор од Facebook.
  • Се прикажуваат ако некој те пребара на Facebook или на друг пребарувач.
  • Може да се пристапни во игрите, апликациите и веб-страниците интегрирани на Facebook и што ги користат твоите пријатели.
  • Може да се пристапни до сите што ги користат нашите API, како Graph API.
Дали ова беше од помош?
Да
Не