Последна промена: Октомври, 2015

Секој корисник на IT.mk/IT.com.mk со самата посета на овој портал, без никакви ограничувања се согласува со условите за користење и на редакцијата на IT.mk/IT.com.mk отстапува целосни права да ги менуваат условите во било кое време без претходно известување. Изменетите услови ќе стапат во сила откако ќе биде истакнато јавно известување.

Некои од понудените сервиси на IT.mk/IT.com.mk можат да бидат достапни под услови кои се различни од општите услови за користење, а со нивната употреба секој корисник се согласува и со дополнителните услови за користење. Доколку таквите услови се во директен конфликт со општите услови за користење, во конфликтните ситуации во сила стапуваат условите за користење на дополнителниот сервис.

Редакцијата ги има правата на своја дискреција да ги преземе следниве постапки без претходни известувања:

  • Да забрани, измени, суспендира или откаже пристап до било кој дел од IT.mk/IT.com.mk на било кого.
  • Да одбие, измени или избрише било каков материјал кој е објавен или испратен на IT.mk/IT.com.mk.
  • Да откаже, измени или избрише дел или сите информации во вашиот профил како и сите активности поврзани со истиот.
  • По своја волја да забранува и ограничува пристап кон IT.mk/IT.com.mk без претходни известувања.

Вие се согласувате дека нема да го третирате IT.mk/IT.com.mk како одговорен доколку бидат преземени било кои од споменатите постапки.

Со користењето на сајтот се согласувате дека нашите услуги можат да вклучуваат и дополнителни комуникации како најави на нови сервиси и администативни пораки од редакцијата на IT.mk/IT.com.mk или пак некој од нашите партнери и целосно се согласувате дека таквите комуникации ќе ги третирате како дел од нашите услуги. При испраќањето на вакви комуникации, IT.mk/IT.com.mk го задржува правото да вклучи во нив и маркетинг материјал.

Содржина
IT.mk/IT.com.mk има разновидна содржина создадена од наши автори, партнери, корисници или надворешни соработници. Сите материјали објавени на нашиот сајт, вклучувајќи текстови и каде што е прикладно слики, графики, илустрации, знаци, логоа, звуци, видео клипови и флеш анимации се заштитени со авторски права, права на заштитни знаци или права на интелектуална сопственост.

Вие ги немате правата да ги изменувате, јавно објавувате (освен за едукативни цели), дистрибуирате, продавате, или на било кој начин искористувате овие материјали во целост, без претходна дозвола од редакцијата на IT.mk/IT.com.mk, одобрена од главниот уредник.

Вие сте целосно одговорни за сите материјали, јавно или приватно испратени, закачени, препратени или емитувани на IT.mk/IT.com.mk. Секоја испратена содржина од ваша страна ќе се смета како материјал чија интелектуална сопственост припаѓа на вас и со самото испраќање давате целосни права на IT.mk/IT.com.mk и на нашите партнери да ја користат, изменуваат, дистрибуираат или јавно објавуваат и притоа да го истакнат вашето име доколку е тоа возможно и прифатливо.

Доколку не сакате да ги дозволите овие права на IT.mk/IT.com.mk или на нашите партнери, при јавно или приватно објавување или испраќање на материјалите треба да истакнете дека за користење на доставениот материјал потребно е да биде контактиран авторот и користењето да биде одобрено од негова страна, притоа јасно и видливо истакнувајќи ги контакт информациите на авторот.

Со користење на овој сајт, вие можеби ќе пронајдете навредливa или непристоjна содржина или содржина која не е точна, за било какви активности кои ќе произлезат од самото користење на овој портал вие ги сносите сите последици и се согласувате IT.mk/IT.com.mk да не го држите одговорен под било какви услови. IT.mk/IT.com.mk секако ќе се обиде најдобро што може да овозможи точни и навремени информации во секоја прилика.

Лично мислење
Понекогаш содржините на IT.mk/IT.com.mk се пишувани од автори кои го истакнуваат своето лично мислење кое може да биде различно од официјалниот став на IT.mk/IT.com.mk или IWM Network. Сите такви содржини се користат исклучиво за објавување на лични ставови и совети базирани на лични мислења и искуства и IT.mk/IT.com.mk или IWM Network не сносат одговорност за објавените содржини. Авторите самоиницијативно се обврзуваат да се придржуваат до општата блогерска и новинарска етика и кодекси.

Објавување на наши текстови
Доколку сте сопственик на сајт кој служи за комерцијални цели или пак сте дел од медиум или некој друг проект и сакате да објавите текст претходно објавен на IT.mk/IT.com.mk треба да ги почитувате следниве неколку услови:

  • Не е дозволено објавување на целосен текст во медиум, проект или сајт кој служи за комерцијални цели без претходна дозвола од главниот уредник. Во случаи на референца, дозволено е објавување на 10% од текстот при што задолжително мора да се истакне изворот, доколку вашиот медиум е во електронска форма потребно е да обезбедите линк до материјалот на IT.mk/IT.com.mk.
  • Доколку медиумот не служи за комерцијални цели, дозволено е објавување на целосниот текст, но притоа задолжително треба да се објави името на авторот доколку присутно и линк до www.IT.mk (или конкретниот линк од текстот).
  • Доколку сакате да објавувате повеќе од 10% од текстовите за комерцијални цели, контактирајте со главниот уредник на IT.mk/IT.com.mk и информирајте се како да добиете официјална дозвола за објавување на целосни текстови. Наведените услови важат и за објавување на содржини овозможени преку RSS каналите на IT.mk/IT.com.mk.

Услуги и продукти од партнери или други соработници
IT.mk/IT.com.mk често содржи линкови до други сајтови кои не се во сопственост на IWM Network. Вашето користење на овие линкови е на ваша одговорност и со посетување на сајт кој не е дел од IT.mk/IT.com.mk или IWM Network, вие се согласувате на условите за користење истакнати на посетениот сајт. Ние немаме контрола ниту одговорност за содржините објавувани на тие сајтови.

Ние не продаваме, препродаваме или лиценцираме продукти или сервиси кои ќе бидат рецензирани или објавени како содржини на порталот и не прифаќаме било каква одговорност поврзана со истите. Секоја ваша активност поврзана со таквите продукти/сервиси е помеѓу вас и продавачот/производителот и IT.mk/IT.com.mk не сноси одговорност за било какви недоразбирања кои можат да произлезат. Сите прашања, жалби или тврдења во врска со продукт или сервис купен по препорака на IT.mk/IT.com.mk треба да бидат испратени до продавачот/производителот на истите.

IT.mk/IT.com.mk за да го подобри искуството на посетителите на сајтот и да овозможи подобра интеракција, ги има имплементирано сервисите како Facebook/Facebook Open Graph, Google, LinkedIn, Ping.mk и Twitter кој им овозможуваат на корисниците на овие друштвени мрежи и сајтови на полесен начин да го користат сајтот и да ги споделуваат содржините. IT.mk/IT.com.mk или IWM Network имаат ограничена контрола над овие сервиси и нивната имплементација, додека компанијата самите сервиси и компаниите зад нив има целосна контрола и ги задржуваат сите права поврзани со технологијата и функционалноста на сервисите.

Вашите права, правни обврски и ограничувања
Вие се обврзувате при секоја регистрациска форма објавена на порталот да доставувате точни и комплетни информации. Доколку има било каква промена во врска со вашите информации, вие се согласувате дека навремено ќе ги измените или ќе не известите. Сите информации кои ќе ги добиете од наша страна во врска со вашиот профил или претходно доставените информации, можат да бидат доверливи и ве советуваме да не ги откривате или доставувате на никого.

Вие самите сте одговорни за интегритетот на вашите кориснички имиња и лозинки и доколку забележите било какви сомнителни дејствија во врска со истите, пожелно би било во најбрз можен рок да нė известите на е-маил kontakt@it.com.mk.

Вие ги немате правата да користите туѓи кориснички имиња или лозинки или да собирате информации за останати членови, посетители или пак авторите на IT.mk/IT.com.mk.

Технологијата, софтверот и сите негови компоненти се во сопственост на IT.mk/IT.com.mk и IWM Network, нашите партнери или други компании и вие ги немате правата да копирате, изменувате, изнајмувате, препродавате, дистрибуирате, ниту пак ги имате правата директно да ги истражувате со цел откривање на сигурносни дупки и слично доколку не е поинаку наведено. Секаков обид за доаѓање во контакт со деловите од сајтот кои се забранети за обични корисници или пак серверите каде што се хостирани порталот и неговите сервиси се смета за нелегален чин и е дело казниво според кривичен закон на Република Македонија или земјата во која е извршено дејствието.

Без никакви ограничувања, со користењето на порталот и сите негови сервиси се согласувате дека нема да го користите IT.mk/IT.com.mk за омаловажување, малтретирање, следење или за било каков сличен чин со кој ќе ги нарушите моралните или правните права на другите посетители и членови. Исто така се согласувате дека нема да објавувате, препраќате или изменувате содржини со цел да истакнете некултурни, навредливи, непристојни, омаловажувачки или било какви материјали кои ги нарушуваат законите.

Вие немате никакви права да препраќате или на било кој начин пренесувате вируси, фајлови со нарушен интегритет или било какви други злонамерни кодови кои можат да нарушат нормално функционирање на нечиј систем или пак кои можат да ја нарушат приватноста на корисниците или IT.mk/IT.com.mk. Секој вид на рекламирање или истакнување на материјал за било какви комерцијални цели е забранет без претходна дозвола од редакцијата на IT.mk/IT.com.mk. Исто така се забранува секакво истакнување на недозволени анкети, натпреварувања, пирамидални шеми, спам, промотерски материјали и слично.

Вие исто така се согласувате дека нема да изменувате никакви содржини на порталот и неговите сервиси доколку претходно немате дозвола за тоа од редакцијата на IT.mk/IT.com.mk. Се согласувате и дека нема на никаков начин да се обидете да го преоптеретите, оневозможите или на било кој друг начин да го нарушите нормалното функционирање на порталот и неговите сервиси ниту пак дека ќе преземате фајлови и содржини за кои знаете дека се стекнати на нелегален начин. Исто така нема да користите никакви автоматизирани процеси со кои може да наштетите.

Дополнително се согласувате дека нема да пристапите во никакви нелегални активности и при користењето на порталот и сите негови сервиси. Исто така целосно се обврзувате дека ќе ги почитувате условите за користење.

Барања и забелешки
Доколку верувате дека некои од објавените содржини нарушуваат авторски права или интелектуална сопственост, или пак доколку имате било какви други барања/забелешки во врска со содржините или начинот на работа на IT.mk/IT.com.mk, слободно можете да стапите во контакт со главниот уредник на IT.mk/IT.com.mk или некој од авторите, по што ќе бидете контактирани за подетални информации (доколку се потребни) во најкраток можен рок.

Дополнителни информации
Без никакви ограничувања се согласувате дека од активности произлезени при користење на овој сајт во случај на загуби, штети или било какви слични ситуации нема да ги држите како одговорни IT.mk/IT.com.mk, компанијата која е одговорна за порталот, сопствениците, уредниците, дописниците или било кои други соработници.

IT.mk/IT.com.mk содржи сопствени содржини, но и содржини овозможени од други партнери, корисници и соработници. За сета содржина објавена на порталот, IT.mk/IT.com.mk не гарантира точност или интегритет и не сноси одговорност за никакви последици кои може да произлезат од користење на содржината објавена на IT.mk/IT.com.mk.

Исто така IT.mk/IT.com.mk ќе се обиде, но не се обврзува, да ја регулира содржината испраќана директно од нашите корисници или соработници, и за истата не сноси никаква одговорност.

IT.mk/IT.com.mk не гарантира дека порталот и сите дополнителни сервиси се без било какви грешки или дека секогаш ќе функционираат перфектно. Секој материјал кој ќе го преземете од IT.mk/IT.com.mk го преземате на свој ризик и вие сте одговорни за сите потенцијални штети кои можат да произлезат од неговото користење, дистрибуирање, модифицирање и др.

Приватност
За сите информации поврзани со вас кои ги собираме и користиме, прочитајте ја полисата за приватност.