Како може да приспособам кои реклами на Facebook ми се прикажуваат според податоците за мојата активност од партнерите?

За да ти прикажеме порелевантни реклами, добиваме и користиме податоци што огласувачите на реклами и другите партнери ни ги даваат за твојата активност на нивните веб-страници и апликации, како и нешто од твоите офлајн интеракции, како купувањата. На пример, може да ти прикажеме реклама за кошула ако имаш посетено веб-страница за облека.
Може да контролираш дали ќе гледаш реклами според твојата активност надвор од Facebook, преку податоците за твојата активност добиени од партнерите во твоите претпочитани поставки за реклами.
За да ја прегледаш и приспособиш поставкава:
  1. Кликни на горе десно на Facebook.
  2. Избери Поставки и приватност и потоа кликни на Поставки.
  3. Лизгај надолу и кликни на Реклами во левото мени.
  4. Кликни Податоци за твоите активности добиени од партнерите.
  5. Избери дали може да ги користиме податоците од нашите партнери за да ти прикажуваме реклами.
Имај предвид дека поставкава контролира дали може да ти прикажуваме персонализирани реклами на Facebook според податоците за твоите активности добиени од нашите партнери. Ако ја исклучиш поставката, рекламите може сепак да се засноваат врз твојата активност на нашата платформа. Може и да се засноваат според податоците од конкретен бизнис кој споделил список со поединци или уреди со нас и ако се совпадне твојот профил со податоците на тој список.
Поставката се однесува само на рекламите што ги гледаш низ твојата сметка на Facebook, вклучително Messenger и на рекламите што ги гледаш на веб-страниците, апликациите и уредите што се испорачуваат преку услугите за рекламирање на Facebook. Поставката не се однесува на рекламите што ги гледаш на Instagram, освен ако е овозможено поврзаното доживување низ сметките на Instagram и Facebook. Дознај како да приспособиш како ќе се прикажуваат рекламите на Instagram.
Ако имаш овозможено поврзано доживување низ твоите сметки на Instagram и Facebook, може да го приспособиш и доживувањето на рекламите на Instagram преку поставката за податоците за твоите активности добиени од партнерите.
Се придржуваме до принципите на саморегулација за онлајн рекламирање според однесување и учествуваме во програмите утврдени од Digital Advertising Alliance, Digital Advertising Alliance на Канада и European Interactive Digital Advertising Alliance. Може да се откажеш од сите компании учеснички преку овие страници.
Дали ова беше од помош?
Да
Не