- Преземете и распакувајте го WordPress инсталациониот пакет.
- Направете база на податоци за WordPress на вашиот веб сервер, како и MySQL корисник кој ќе има пристап и дозвола за уредување на таа база на податоци.
- Преименувајте ја датотеката
wp-config-simple.php
воwp-config.php
- Отворете ја датотеката
wp-config.php
со некој уредувач на текст (пр: Notepad) и внесете ги деталите за базата на податоци (име на базата на податоци, корисничко име, лозинка и име на хост). - Прикачете ги WordPress датотеките на посакуваната локација на вашиот веб сервер.
- Ако сакате да го инсталирате WordPress во root директориумот на вашиот домен (пр:
http://primer.com/
), копирајте ја содржинната во root директориумот на вашиот сервер. - Доколку сакате да инсталирате WordPress во посебен директориум (пр:
http://primer.com/blog/
), преименувајте го директориумот „wordpress“ во „blog“ и копирајте го на вашиот веб сервер.
- Ако сакате да го инсталирате WordPress во root директориумот на вашиот домен (пр:
- Покренете ја WordPress инсталацијата во вашиот веб прелистувач со пристапување до
wp-admin/install.php
Тоа е тоа! WordPress сега би требало да биде успешно инсталиран.