Турпија
Турпија или еге — рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.
Поделба според намената[уреди | уреди извор]
Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.
Турпии за обработка на дрво[уреди | уреди извор]
Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.
Турпии за обработка на метал[уреди | уреди извор]
Овие турпии се изработуваат од тврд челик.
Поделба според обликот[уреди | уреди извор]
Турпиите според нивниот облик се делат на:
Правоаголни[уреди | уреди извор]
Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 1⁄5 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.
Квадратни[уреди | уреди извор]
Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.
Полукружни[уреди | уреди извор]
Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.
Кружни[уреди | уреди извор]
Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.
Триаголни[уреди | уреди извор]
Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.
Галерија[уреди | уреди извор]
Дијамантски турпии
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|