Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 117.293 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Слика на албумот „Македонско девојче 2“

Македонско девојче 2“ — осмиот студиски албум на македонската пејачка Каролина Гочева првпат излезен во продажба на 25 февруари 2014 година. Албумот е издаден преку дискографската куќа Авалон продукција во Македонија. Хрватската куќа Далас рекордс исто така го издала албумот низ земјите на поранешна Југославија во април 2015 година. Албумот содржи осум оригинални песни напишани од страна на Валентин Соклевски и Весна Малинова, за чиј аранжман и продукција се погрижиле Никола Мицевски и Дејан Момировски. Покрај горенаведените песни, на „Македонско девојче 2“ исто така можат да се најдат две преработки од кои една е на македонска народна песна, а другата е на песна оригинално снимена од страна на пејачот Пепи Бафтироски. Мотивацијата за снимањето на албумот Гочева ја добила од успехот на нејзиниот претходен проект инспириран од македонската народна музика, „Македонско девојче“ (2008).

Финализацијата на проектот траела две години поради желбата на тимот кој работел зад него да го усоврши колку што може повеќе. Според Гочева и продуцентот Мицевски, доброто познавање на тимот од претходно помогнало во процесот на снимање и одредување точна насока и цел со снимањето на „Македонско девојче 2“. Музички, албумот е сличен на неговиот претходник. Песните се одликуваат со елементи од македонскиот народен фолклор, но се адаптирани во посовремен стил кој е актуелен во времето на издавањето на албумот, односно содржат елементи и од поп и џез музика. Во текстовите, се опеани чувства на тага, среќа, љубов и копнеж на зрела жена. Сите песни биле компонирани специјално за Гочева притоа земајќи ги во предвид нејзините широки вокални способности; карактеристично е отсуството на следечки вокали. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Island of Prvić (Krk).jpg
Островот Првиќ гледан од островот Крк, Хрватска.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Кирилични броеви
На денешен ден…

Денес е 8 октомври 2021 г.

Настани:

451  Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор.
1600  Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република.
1793  Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец.
1893  Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци.
1942  Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер.
1944  На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја завземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили.
1967  Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки.
1991  Саборот на Хрватска донел одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска.
1995  Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.
2005  Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.

Родени:

1789  Џон Раглсамерикански политичар.
1864  Бранислав Нушиќсрпски комедиограф, сатиричар и критичар.
1892  Марина Цветаева — руска и советска поетеса.
1917  Валтер Лорд — американски писател.
1922  Нилс Лидолм — шведски фудбалер.
1928  Диди — бразилски фудбалер.
1939  Пол Хоган — австралиски глумец.
1949  Сигурни Вивер — американскаглумица.
1965  Мат Бјонди — американски пливач.
1968  Звонимир Бобан — хрватски фудбалер.
1970  Мет Дејмон — американски глумец.
1978  Дарко Станиќ — српски ракометар.
1980  Роберт Вречер — словенечки велосипедист.
1980  Ник Канон — американски глумец.
1985  Бруно Марс — американски пејач.
1993  Габриње Мугуруса — шпанско-венецуелска тенисерка.
1997  Бен Вајт — англиски фудбалер.

Починале:

1652  Џон Грејвсанглиски математичар.
1754  Хенри Филдинг — англиски писател.
1897  Алексеј Саврасовруски уметник.
1967  Ернесто Че Гевара — јужноамерикански комунистички револуционер.
1970  Жан Жионо — француски писател.
1992  Вили Брант — западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија.
2004  Жак Дерида — француски филозоф.

Празници:

* Јом Кипур започнува на зајдисонце (јудаизам).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич