Инсталирање

  1. Преземете и распакувајте го WordPress инсталациониот пакет.
  2. Направете база на податоци за WordPress на вашиот веб сервер, како и MySQL корисник кој ќе има пристап и дозвола за уредување на таа база на податоци.
  3. Преименувајте ја датотеката wp-config-simple.php во wp-config.php
  4. Отворете ја датотеката wp-config.php со некој уредувач на текст (пр: Notepad) и внесете ги деталите за базата на податоци (име на базата на податоци, корисничко име, лозинка и име на хост).
  5. Прикачете ги WordPress датотеките на посакуваната локација на вашиот веб сервер.
    • Ако сакате да го инсталирате WordPress во root директориумот на вашиот домен (пр: http://primer.com/), копирајте ја содржинната во root директориумот на вашиот сервер.
    • Доколку сакате да инсталирате WordPress во посебен директориум (пр: http://primer.com/blog/), преименувајте го директориумот „wordpress“ во „blog“ и копирајте го на вашиот веб сервер.
  6. Покренете ја WordPress инсталацијата во вашиот веб прелистувач со пристапување до wp-admin/install.php

Тоа е тоа! WordPress сега би требало да биде успешно инсталиран.