WordPress 3.6 „Oscar“

Конечно на свет дојде најновата и најдобрате верзија на WordPress, 3.6. Новиот WordPress доаѓа со прекрасна разнобојна тема, подобрено автоматско зачувување на содржината и нејзино заклучување додека некој корисник ја уредува, подобрена ревизија на содржината на написите, нативна поддршка за аудио и видео вметнување.

Оваа објава го носи името Оскар во чест на џез пијанистот Оскар Петерсон. WordPress 3.6 можете да го преземете од овде или автоматски да извршите надградба преку вашата работна табла.

WordPress 3.5 „Elvin“

Ова е најдоброто време во годината: новиот WordPress е достапен за преземање и еден куп новости за блогерите и развивачите. WordPress 3.5 е со кодно име „Elvin“, во чест на бубњарот Елвин Џонес.

Доколку редовно нè следевте на друштвените мрежи Facebook и Twitter, сигурно веќе ги знаете кои се новостите што ни доаѓаат со оваа верзија, но за тие што не се запознаени еве еден краток преглед:

  • Twenty Twelve – нова стандардна тема
  • Нема повеќе „Врски“. Сите нови веб-сајтови ќе биде потребно да го инсталираат Link Manager додатокот
  • Омилени додатоци
  • Подобрена мултимедијална библиотека
  • Нов екран за добредојде на работната табла

Детални објаснувања за сите овие работи можете да прочитате овде, а сите новости за развивачите се достапни на https://codex.wordpress.org/Version_3.5#Under_The_Hood.

Благодарност до Goce Mitevski, chombium, Mihailovskii и sofijas.

WordPress 3.5 Beta 2

Две недели после објавувањето на првата бета, WordPress 3.5 Beta 2 е достапна за презимање и тестирање.

Овој софтвер се’ уште е во фаза на развој, па не ви препорачуваме да ја користите на вашиот главен сајт. Доколку сакате да ја тестирате најновата верзија, инсталирајте ја на некој простор на кој ќе можете да си „играте“ со истата. За да ја тестирате, можете да го искористите WordPress Beta Tester додатокот или да ја преземете од овде (.zip).

WordPress 3.3.2 и WordPress 3.4 Beta 3

WordPress 3.3.2 е достапен и содржи безбедносни закрпи на сите претходни верзии.

Три екстерни библиотеки во WordPress добија безбедносна надградба:

  • Plupload (верзија 1.5.4), кој WordPress го користи за прикачување на мултимедија.
  • SWFUpload, кој WordPress претходно го користеше за прикачување на мултимедија, и сѐ уште може да се користи од некои додатоци.
  • SWFObject, кој WordPress претходно го користеше за вметнување на Flash содржина, и сѐ уште може да се користи од некои додатоци и теми.

Благодарност до Nean Poole и Nathan Partlan за пријавувањето/поправањето на грешките во Plupload и SWFUpload, и Szymon Gruszecki за уште еден баг во SWFUpload.

WordPress 3.3.2 исто така содржи:

  • Ескалација на ограничените привилегии кога администраторот на сајтот би можел да ги деактивира додатоците во мрежата кога WordPress мрежата работи под одредени услови, поправено од Jon Cave (дел од WordPress Core Security Team) и Adam Backstrom.
  • XSS ранливост кога се праваат URL-та да може да се кликаат, од Jon Cave.
  • XSS ранливост во пренасочувањето после коментирање во некои од старите прелистувачи, и филтрирање на URL-а. Благодарност до Mauro Gentile за пријавувањето до безбедносниот тим.

Овие багови се средени од безбедносниот тим на WordPress, а целосниот лог на промени можете да го видите овде.

Преземи го WordPress 3.3.2 или надградете директно од Работна табла → Надградби.


Излезе и WordPress 3.4 Beta 3

Нашиот развој на WordPress 3.4 продолжува. Денес, чест ни е да ја објавиме третата бета верзија за тестирање. Скоро 90 промени има претрпено од објавувањето ба Бета 2 која беше објавена пред 9 дена.

Ова е бета софтвер, па не ви препорачуваме да го користите на Вашиот сајт во етер. Но, доколку развивате додатоци, теми, или сте администратор на некој сајт, пожелно е да направите тест на софтверот и пријавите грешка (доколку најдете).

Верзијата 3.4 ги содржи сите поправки од 3.3.2. Преземи го WordPress 3.4 Beta 3 или користи го нашиот WordPress Beta Tester додаток.

WordPress 3.3.1 – Безбедносни поправки

Излезе WordPress 3.3.1. Во оваа верзија се решени 15 грешки кои се наоѓаа на WordPress 3.3, како и XSS (cross-site scripting) ранливоста која ја имаше WordPress 3.3. Благодарност до Joshua H., Hoang T., Stefan Zimmerman, Chris K. и безбедносниот тим на Go Daddy за откривањето и информирањето за овие пропусти.

Преземи го WordPress 3.3.1 или надгради директно преку работната табла.

Излезе WordPress 3.3!

Најновата и најдобра верзија на WordPress — 3.3, со име „Sonny“ е во чест на добриот џез саксафонист Сони Стит — и е достапна да се преземе од овде или преку Вашата работна табла.

WordPress има повеќе од 60 милиони преземања откако беше објавена верзијата 3.0, и во оваа трета главна објава од тогаш, направивме големи промени за побрзо запознавање на новите корисници, навигацијата, прикачувањето и импортирањето на содржина.

За корисниците
На напредните корисници сигурно ќе им се допадне новиот повлечи-и-остави прикачувач, новите менија за навигација, новата лента со алатки, унапредената поддршка за ко-уредување и новиот Tumblr увезувач. Исто така, мислевме и на најновите корисници кои за првпат се среќаат со WordPress, па ги додадовме т.н. покажувачи кои ќе ги упатат во користењето на овој софтвер. Покрај тоа, овие покажувачи ќе се користат и кога ќе имаме некоја нова функција која за првпат се употребува после извршена надградба.
За крај, подобрена е работата на WordPress на iPad и останатите таблети.

За развивачите
Има многу што да видат развивачите. Ви препорачувам да започнете од нашето ново API за уредувачот, нова jQuery верзија, подобро листање на јазичињата за помош, нова структура за постојани врски, а целата листа можете да ја прочитате на кодексот или на тракерот.

Излезе WordPress 3.2.1!

После повеќе од милион преземања, го објавуваме WordPress 3.2.1. Оваа објава содржи поправки за сервер некомпатабилноста со JSON, како и други закрпи во новиот дизајн на работната табла и новата Twenty Eleven тема. Доколку веќе имате надградено на WordPress 3.2, оваа надградба ќе биде побрзо исвршена со новата можност која ја воведовме од 3.2 – да се ажурираат само датотеките кои се изменети.

За целата листа на објави проверете ја листата на промени.

Преземете го WordPress 3.2.1 или надградете директно од работната табла.

Излезе WordPress 3.2!

Како што беше најавувано пред некој ден, така и испадна. WordPress 3.2 е официјално објавен на 4 Јули, денот на независноста на САД. WordPress 3.2 е петнаесетата главна верзија на WordPress и доаѓа само 4 месеци после објавувањето на 3.1 (која денес надмина бројка од 15 милиони преземања).

Фокусот на оваа објава беше WordPress да се направи побрз и полесен. Првата работа која ќе ја приметите во WordPress 3.2 е новиот дизајн на работната табла. Доколку започнувате нов блог ќе ја забележите новата HTML5 стандардна тема – Twenty Eleven. Започнете да пишувате нов блог напис во новиот уредувач и/или уредувачот на цел екран со зен мод.

Преземете го WordPress 3.2 или надградете директно од Вашата работна табла.

WordPress 3.1.4 и 3.2 RC 3

WordPress 3.1.4 е достапен за преземање и содржи безбедносни закрпи за претходните верзии.

Оваа објава ги поправа сите грешки кои им овозможуваа на корисниците со улога на уредувач да имаат подлабок пристап во WordPress опциите. Исто така, верзијата 3.1.4 содржи уште неколку безбедносни закрпи, а целата белешка на промени можете да ја видите овде.

Преземете го WordPress 3.1.4 или надградете директно од работната табла.

WordPress 3.2 кандидат за објава 3
Ова е последниот кандидат пред официјалната 3.2 верзија. Овој трет кандидат ги содржи сите поправки и од верзијата 3.1.4, плус неколку RTL, JavaScript и UI закрпи. И за потсетување да напомениме дека минималните побарувања за верзијата 3.2 ќе бидат PHP 5.2.4 и MySQL 5.0.

Преземете го WordPress 3.2 RC3