The Wayback Machine - https://webcf.waybackmachine.org/web/20210428174055/https://mk.airbnb.com/plus
Прескокни на содржина
Ви го претставува Airbnb Plus

Удобност како во сопствениот дом и многу повеќе

Внимателно дизајнирани домови. Исклучителни домаќини. Проверен квалитет.

Airbnb Plus е избор од сместувања само со највисок квалитет и со домаќини познати по одличните рецензии и посветеноста на деталите.

Секој дом се проверува преку лична проверка на квалитетот за да се увериме во квалитетот и дизајнот. Само побарајте ја значката PLUS.

Внимателно избран дизајн

Секој Airbnb Plus дом е уникатен, внимателно дизајниран и опремен со стандардни содржини – без оглед дали сте во приватна соба или го имате целиот објект за себе.
Целата куќа на Алисон во Сан Франциско

Лична инспекција на квалитетот

Секој дом на Airbnb Plus е проверен за квалитет и дизајн за да се увериме дека ги има сите основни удобности што ќе направат да се чувствувате како дома, каде и да сте во светот.
Целиот кондоминиум на Лилијан Џин во Шангај

Внимателно дизајниран

Домовите на Airbnb Plus се комбинација од висок квалитет и внимателно избран дизајн до најситниот детаљ. Со елегантен дизајн и лична особеност, домовите се и гостопримливи и убави.
Целиот кондоминиум на Лилијан Џин во Шангај
Целата гостинска куќа на Мет во Лос Анџелес

Добро опремени

Може да очекувате конзистентна листа на удобности што ви требаат за да се чувстувате како дома – од брз wifi и телевизори подготвени за стриминг до кујни со целосен прибор за готвење. Ќе го добиете и следново:

  • Филтрирана вода или вода во шише
  • Основни работи за готвење, вклучувајќи масло, садови и прибор за послужување
  • Пегла и фен за коса
Целата гостинска куќа на Мет во Лос Анџелес
Целата куќа на Роб во Кејптаун

Добро одржуван

Домаќините на сместување од категоријата Airbnb Plus вложуваат дополнителни напори домот да биде исклучително чист, уреден и целосно функционален - од искосена трева во надворешните простори до чисти бањи со силен притисок на водата. Ќе добиете уште и:

  • Сите уреди се во функција
  • Функционални брави на вратите на сите спални соби во заедничките простори
  • Сите простори се чисти и спремни
Целата куќа на Роб во Кејптаун

Исклучителни домаќини

Домаќините на Airbnb Plus се високо оценети (над 4,8), гостопримливи и се грижат за деталите што прават да се чувствувате како дома, како што се мека постелнина и комплетно опремени кујни.

Сигурно пријавување

Со Airbnb Plus, секогаш можете да се пријавите без напори. Секој дом е опремен со сеф за клучеви, дигитална брава или домаќин кој е на повик да ве пречека.

Премиум поддршка

Кога резервирате Airbnb Plus дом, на располагање ви е нашиот Airbnb Plus тим за корисничка поддршка – високо обучен тим посветен на одлична услуга за што пократко време.

Најдете го совршеното Airbnb Plus сместување за вашето следно патување

Побарајте ја значката на PLUS под фотографијата од огласот.
PLUS проверено Кејптаун
PLUS проверено Барселона
PLUS проверено Сиднеј
PLUS проверено Лос Анџелес
PLUS проверено Феникс

Сместувања од категоријата Airbnb Plus низ целиот свет

Од бунгалови на плажа во Лос Анџелес до раскошни чајџилници во Кјото, истражувајте сместувања во категоријата Airbnb Plus проверени за квалитет и удобност.