1951
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1951 MCMLI |
Ab urbe condita | 2704 |
Асирски календар | 6701 |
Бахајски календар | 107–108 |
Бенгалски календар | 1358 |
Берберски календар | 2901 |
Будистички календар | 2495 |
Бурмански календар | 1313 |
Византиски календар | 7459–7460 |
Еврејски календар | 5711–5712 |
Ерменски календар | 1400 ԹՎ ՌՆ |
Етиопски календар | 1943-1944 |
Игбоански календар | 951–952 |
Ирански календар | 1329–1330 |
Исламски календар | 1370–1371 |
Јапонски календар | Период Шова 26 (26年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 庚寅年月日 (4587/4647) — до — 辛卯年月日(4588/4648) |
Коптски календар | 1667–1668 |
Корејски календар | 4284 |
Календар Мингуо | Република Кина 40 民國40年 |
Селевкидски календар | 2262–2263 |
Тајландски сончев календар | 2494 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2007–2008 |
- Шака самват | 1873–1874 |
- Кали југа | 5052–5053 |
Француски револуционерен календар | CLIX–CLX 159–160 |
Холоценски календар | 11951 |
Џуче-календар | 40 |
1951 (MCMLI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1951. година од новата ера, 951. од вториот милениум, 51. од 20 век и втора од 1950-тите.
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7459 и 7460 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6701 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5711 и 5712 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2704.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1951. година се протега во 4587 и 4588, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4647 и 4648 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2494. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1370 и 1371 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 6 јануари – Во Југославија е донесен закон со кој се забранува носење зар и фереџе.
- 27 февруари – Во САД е ратификуван 27-от амандман на Уставот на САД со кој се ограничува мандатот на претседателот на двапати.
- 29 март – Во САД Етел и Јулиус Розенберг се осудени на смртна казна поради заговор и вршење шпионажа.
- 18 април – Потпишан е Парискиот договор со кој е основана Европската заедница за јаглен и челик.
- 15 мај – Во Боливија е извршен воен удар.
- 16 јули – Белгискиот крал Леополд III абдицира во корист на својот син Бодуен.
- 20 јули – Јорданскиот крал Абдулах I е убиен од страна на еден Палестинец.
- 11 ноември – Хуан Перон е повторно избран за претседател на Аргентина.
- 24 декември - Либија прогласува независност од Италија. Идриз I се прогласува за крал на Либија.
Родени[уреди | уреди извор]
- 30 јануари - Фил Колинс, британски музичар
- 20 февруари - Гордон Браун, британски премиер
- 17 март - Курт Расел, американски актер
- 23 мај - Антонис Самарас, грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи; Анатолиј Карпов, руски шахист
- 5 септември - Мајкл Китон, американски актер
- 29 септември - Мишел Башле, чилеански претседател
- 2 октомври - Стинг, британски музичар
- 26 ноември - Чичолина, италијанска актерка и политичарка
- 11 декември - Катица Ќулавкова, македонски писател
Починале[уреди | уреди извор]
- 8 јануари – Војдан Чернодрински, македонски драматург
- 10 јануари – Синклер Луис, американски писател, Нобеловец
- 30 јануари – Павел Шатев, македонски револуционер
- 19 февруари – Андре Жид, француски писател, Нобеловец
- 29 април – Лудвиг Витгенштајн, австриски филозоф
- 13 јули - Панко Брашнаров, македонски револуционер
- 23 јули – Филип Петен, француски колаборационист
Видете исто:
„1951“ на Ризницата ? |